
2024-07-19
Известување
Црвен крст на Република Северна Македонија Ве информира дека во неколку наврати се злоупотребува името на Црвениот крст. Исто така и деновиве на социјалните мрежи и порталите има објави со натпис ,,ЗА ЛУЃЕ СО ХИПЕРТЕНЗИЈА! СЕКОЈ МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЛЕК КОЈ ЌЕ ГО ИЗЛЕЧИ ЗА ТРИ ДЕНА! ПОБАРУВАЧКАТА Е ОГРОМНА…,,
Сакаме да ја информираме пошироката јавност дека се работи за дезинформации и невистини кои немаат никаква допирна точка со Црвениот крст.
Искрено замолуваме да не се користи името на Црвениот крст на РСМ за приватни цели и ширење дезинформации. Сакаме да потсетиме дека употребата на амблемот и името на Црвениот крст се строго заштитени и уредени со Женевските конвенции и Дополнителни протоколи и Законот за Црвен крст на РСМ и секоја злоупотреба на амблемот и името на Црвениот крст и повреда на овие одредби подразбира соодветни законски мерки кон прекршителите.
Со почит,
Црвен крст на Република Северна Македонија